Skip to main content

Отворање на групната изложба ,,Голем формат” на ДЛУМ

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена групната изложба „Голем формат”. Изложбата ќе биде отворена до 8 октомври.

Голем Формат“ го поставува прашањето за моќта на димензиите во современата уметничка продукција. Големиот формат отсекогаш претставувал повеќе од технички избор – тој е израз на амбиција, на желба да се надмине границата меѓу интимното и колективното, меѓу просторот на делото и просторот на гледачот. Како што укажува Розалинда Краус, уметноста на просторот и обемот ја нарушува традиционалната рамка на сликата, трансформирајќи ја во настан, средба и телесно доживување, велат од ДЛУМ.

Во оваа поставка, големиот формат, нагласуваат, се појавува како монументален простор, но не во смисла на класичен монумент, туку како поле на слободно движење, каде енергиите се прелеваат меѓу телото, просторот и времето. Тука уметничкото дело не е само објект, туку и состојба на активно искуство – оној „простор во мене, јас во просторот“ што станува личен и колективен чин на присуство.

Поврзани вести