
НОЌ НА МУЗЕИ
Охрид на една вечер станува музеј под отворено небо.
На 12ти септември, ве очекува културна прошетка низ ул. Цар Самоил, со почетна точка кај Долна Порта, каде во периодот од 19:00 до 23:00 часот ќе ве очекуваат отворени музеи, галерии, ателјеа, винарии, занаетчиски работилници и уште многу културни содржини.
Од една до друга локација, од една приказна до друга, низ улицата, просторот и културното наследство на Охрид.
Во наредниот период ќе ги откриваме сите учесници и партнери, како и што ве очекува на секоја од локациите.
Ул. Цар Самоил | Долна Порта
12.09.2026
19:00 – 23:00
Охрид – град музеј.

Македонски


