
Од 22 до 25 април на Малата сцена во Националната опера и балет ќе се одржат „Денови на македонски кореографи”, во чии рамки ќе бидат изведени пет претстави и една изложба.
Во првата вечер на „Денови на македонски кореографи” на 22 април ќе се прикажат две претстави „Мокументари“ од Андријана Данчевска и „Ехо на баронот“ од Дејан Битровски.
Во втората вечер на 23 април ќе може да се проследи претставата „Болеро“ на Саша Ефтимова. Но, и во Фоајето на Националната опера и балет ќе биде прикажана изложбата на слики „Вечни тела“ од Искра Шукорова.
На 24 април ќе биде прикажана претставата „Д како Дездемона“ од кореографката Рисима Рисимкин.
А на затворањето на 25 април „Денови на македонски кореографи” ќе се изведе претставата „Патување“ од турскиот кореограф Чан Арслан. Оваа претстава се спремала во НОБ со македонски балетски уметници и пред околу еден недела ја имаше премиерата во Анкара.