
„Бата прес“ го објави романот „Целата небесносина боја“ од француската авторка Мелиса да Коста кој од француски на македонски јазик го преведе Ненад Баткоски.
-Станува збор за исклучително дело на младата авторка што стана француски и светски бестселер. „Барам сопатник или сопатничка за својата последна авантура“ – вака почнува огласот што дваесет и шестгодишниот Емил, еден од главните ликови на овој роман, го објавува на интернет. Всушност станува збор за обид на младичот заболен од рана Алцхајмерова болест, последните две години живот колку што според дијагнозите на лекарите му преостануваат, да ги помине далеку од роднините, поранешната девојка и пријателите, соопшти издавачката куќа.
„Бата прес“ додава дека „Целата небесна сина боја“ е возбудлив, трогателен роман исполнет со болка и надеж. Постигнал значаен успех – досега само во Франција се продадени повеќе од милион примероци, а според книгата е снимен и истоимен филм во продукција на „Нетфликс“.
Мелиса да Коста (1990) го објавила својот прв роман на сопствена дигитална платформа во 2018 година.