Skip to main content

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп го издаде  новото издание на „Стремеж“ – списание за литература, уметност и култура

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, го издаде  новото издание на „Стремеж“ – списание за литература, уметност и култура, втор засебен број за оваа 2025 година на изминување.

-Птицата на копнежот и надежта го зеде во своето клунче семето од плодот кој се роди од корените на стремежот и созреа на гранките од дрвото на мудроста, па полета во потрага по новите духовни сфери каде ќе ја засади својата визија за естетска топлина и културна сонцевина – вели Александар Војнески, главен и одговорен уредник на Стремеж.

На своите страници „Стремеж“ година 71, број 2,  за 2025, донесува поезија, проза, драма, препеви и преводи, критики и есеи, и дел посветен на ликовната уметност:

• Коста Бојчески – „Чудесен лек“ (драма, целосна верзија)

• Јанис Кесаридис – „Сотирис и Маријанти“ (расказ, превод од грчки јазик Марија Думба)

• Ѓоко Здравески – кратки раскази (избор)

• Георги Господинов – избор песни од збирката „Таму каде што не сум бил“ (препев Никола Маџиров)

• Бранислав Николов – песни (избор)

• Петар Чухов – „Безопасни игли“ (хаику, избор и препев – Владимир Мартиновски)

• Избор песни од пет грчки поети/поетеси (Јанис Рицос, Тасос Ливадитис, Марија Полидури, Торис Никифору, Катерина Гогу) – препев на македонски јазик на Сотирис Минас

• Марина Мијаковска – песни (избор)

• Сергеј Есенин – пет песни и пригодна белешка по повод 130 години од раѓањето и 100 години од смртта (препев од руски јазик и текст – Елена Карпузовска)

• Разговор на Иван Антоновски со Сотирис Минас

• Александра Огнаноска – „Кон творештвото на вечниот оптимист Билјана Црвенковска“

• Љупчо Михајлоски – Хармонично многугласие: Интермедијално патување низ географијата и емоциите (рецензија на книгата „Талкање низ емоции и држави“)

• Роберт Конески – „Христијанско-етичките аспекти на циклусот ‘Проложни_житија’ на Блаже_Конески“

• Огист Роден – „Аманет“ (до уметниците) – превод Александар Еленин

Списанието за литература, култура и уметност „Стремеж“ се отпечати со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести