
Во Никшиќскиот театар започнаа пробите за новата претстава „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, а премиерата е закажана за почетокот на октомври.
„Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и освои престижни награди. Истиот текст е искористен за снимање на популарен филм кој освои Оскар“, истакнуваат од Никшиќскиот театар.
Режисерка е Наташа Поплавска ќе ги дизајнира и костимите, додека Весна Сушиќ ќе ја создаде сценографијата. Во екипата се: Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ.