Skip to main content

Народен театар – Битола почна со пробите за својата нова претстава: Познатата битова драма на Васил Иљовски, „Чорбаџи Теодос“ ќе ја режира Дамјан Димовски како негова дипломска претстава

Принтскрин

Народен театар – Битола вчера започна со пробите за својата најнова претстава. Познатата битова драма на Васил Иљовски, „Чорбаџи Теодос“ на сцената на Битолскиот театар ќе ја режира Дамјан Димовски, како негова дипломска претстава.

Во претставата играат: Живко Борисовски, Марија Стефановска, Елена Моше, Никола Стефанов, Александар Димитровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски и Марија Цветановска.

Премиерата се очекува на крајот на мај.

Поврзани вести