Skip to main content

На 26 септември на Даниела Андоновска-Трајковска ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“

На 26.9.2026 г. (сабота) во 12 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“ на годинашната добитничка Даниела Андоновска-Трајковска, која ѝ се доделува за необјавената стихозбирка „Синтакса на постоењето“.

За наградената книга ќе зборува писателот Петре Димовски, а добитничката на наградата ќе има книжевен настап со читање на своите песни од „Синтакса на постоењето“.

На настанот, со своја музичка точка ќе настапи и пејачката Ангела Иваноска.

„Синтакса на постоењето“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2026 година, во конкуренција со единаесет други необјавени поетски ракописи. Во книгата, авторката преку инвентивен поетски јазик, контрасти и парадокси го отвора прашањето за човекот, доброто и злото, јазикот и потрагата по смисла. Спојувајќи го реалното и ониричното, таа гради сложен поетски свет во кој зборот не е само средство за изразување, туку и простор за преиспитување на постоењето.

Книгата, втора во едицијата „Даница Ручигај“, ќе биде претставена во рамките на свеченото доделување на наградата.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetjojobetroketbetcasibomzbahiscasibom