
Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески, и в.д. директорката на Музејот на македонската борба, м-р Анче Илиевска, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓусебната поддршка и развој на заеднички активности од интерес на студентите и наставниот кадар.
Соработката ќе овозможи практична настава, истражувачки и стручни проекти, како и организирање на настани, трибини и изложби кои ќе го збогатат образовниот и културниот живот на студентите. Меморандумот претставува важен чекор во градењето мост помеѓу науката и културата, со заедничка цел — зачувување и афирмација на македонското историско и културно наследство.