Skip to main content

Министерство за култура: Изборот на директор на Филхармонија ќе биде исклучиво согласно законските прописи

Министерството за култура и туризам, во врска со протестот на вработените во Македонската филхармонија, соопшти дека изборот на директор на оваа институција ќе биде исклучиво согласно законските прописи.

Од Министерството информираат дека Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Филхармонија согласно Законот за општа и управна постапка (ЗОУП) до учесниците во конкурсот доставила барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонијата.

Министерството ги отфрла тврдењата искажани на денешниот протест. Апелираме до вработените и до целокупната јавност да имаат доверба во институционалниот процес кој се спроведува исклучиво согласно со законот, посочуваат во соопштението.

Вработените во Македонската филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура и туризам, затоа што се сомневаат на потенцијална департизација во однос на изборот на директор на оваа институција.

Протестот на вработените во Македонска филхармонија доаѓа откако претходно вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити во интервју за „24 Вести“ посочи дека при поделбата на раководните функции во институциите, ВЛЕН ја добил Филхармонијата и дека директор ќе биде Мустафа Имери. 

Поврзани вести