
Софија– Проектот во кој учествуваат музичари од Македонија, Бугарија и Грција, а кој вечерва на сцената на Националниот дворец на културата во Софија ќе ја донесе „Кармина Бурана“ беше договорен кон средината на минатата година по иницијатива на маестро Тодоров, како своевиден симбол на културната соработка во регионот.

На вечерашниот концерт, сцената ќе ја делат над 250 музичари музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и во Солун.
Сакаме да покажеме дека на Балканот се случуваат и убави нешта и можеме заедно да ги правиме тие убави нешта. Зошто ако се вратиме 100 години наназад кога имало проблеми, секогаш започнувале од Балканот. Е, сега целиот свет има проблеми, а ние од Балканот ќе им го покажеме спротивното, истакна маестро Тодоров.