Skip to main content

„Лекција“, кореодрамата од Штип патува на фестивал во Мароко

Театарската претстава „Лекција“, во копродукција на Moушн нетворк и НУЦК „Ацо Шопов“ Штип, е селектирана за 20-то издание на фестивалот „Performing Tangier“ во Танжер, Мароко. Изведбата е закажана на 6 декември во Палатата на уметностите и културата во Танжер, Кралството Мароко.

Драмскиот текст „Лекција“ е на Ежен Јонеско, превод на Калиопа Петрушевска, а во режија на Ѓорѓи Ризески и кореографија на Бојан Мицев. Музички композитор е Антонио Ристески.

Во претсавата играат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и

Милорад Ангелов. Сценографијата е на Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорги Ризески.

Претставата е премиерно изведена во септември 2023 година, со поддршка од Министерство за култура и туризам и спонзорство од Лонгуров принт и НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” Штип.

„Лекција” и натаму е на репертоарот на театарот во Штип, а истовремено доживува афирмација преку учества на домашни и интернационални фестивали.

Поврзани вести