Skip to main content

„Квинтето“ вечерва во Македонскиот КИЦ во Њујорк

Во Македонскиот КИЦ во Њујорк вечерва во 19 часот ќе настапи составот КВИНТЕТО.
Членови на „Квинтето“ се: Игор Бакревски – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа, Кристијан Коџумановски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани и Марко Виденовиќ како композитор, но и на виола и клавијатури.
Музиката на КВИНТЕТО е магична фузија на етно-џез, а понекогаш и класични жанрови. Уникатната комбинација на инструменти - која ги вкрстува класичните тонови на обоа и виола со популарните ритми на бас гитара и тапани, надополнети со кларинет - создава извонредна палета на музички бои што го дефинираат препознатливиот звук на оваа композиција.

Поврзани вести