
Отворена покана за учество на млади режисери до 35 години возраст, објави директорот на Драмски театар Роберт Вељановски на својот фејсбук профил.
Конкурсот за млад театарски режисер „ Слави Шкаров“ ќе се случи и оваа година во веќе проверениот формат. Овогодинешново осмо издание на конкурост ги кани сите заинтересирани режисери на возраст до 35 години, што имаат свои концепции за идна театарска претстава на тема: „Лавиринти на сегашноста“.
На селектираните режисери ќе им биде овозможено да направат работно ателје со актерите од трупата на Драмскиот театар „Сава Огнjaнов“ – Русе во траење од шест дена. За време на работното ателје избраните режисери ќе имаат блиска комуникација со драматургот – селектор, чија задача ќе биде да помага максимално на творечкиот процес на младите творци. На шестиот ден режисерите ќе ја претстават својата работна варијанта во фрагмент со времетраење од 30 минути. Жири ќе го определи победникот на конкурсот којшто ќе добие шанса да ја доразвие работната варијанта во целосна театарска претстава во Драмскиот театар “ Сава Огњанов“ во текот на театарската сезона 2026/2027 година.
Предлозите за учество во конкурсот можат да се базираат на туѓи или авторски тектови, пиеси или проза, но може да се конкурира и со лични, оригинални, авторски концепти за театарска претстава. Кандидатите треба до 06.04.2026 да ги испратат сопствените идеи за иден спектакл сумирани во текст од две стандардни страници, заедно со портфолио на маил адресата: [email protected] или на адресата на Драмскиот театар „Сава Огњанов“ – Русе. Плоштад „Свобода“ 4, 7000 Русе.
Селектираните режисери ќе бидат објавени на 20.04.2026. Конкурсот ќе се спроведе од 15 до 21 – ви јуни во Драмскиот театар „Сава Огњанов“ – Русе.
„Лавиринти на сегашноста“ немаат еден центар и една вистина, ориентацијата е тешка, а излезите се неизвесни. Светот околу нас е потресуван од војни, геополитички прераспределби, еколошки катастрофи, научни и генетски експерименти, кибератаки, вселенски пробиви. Во ера на квантни алгоритми, вештачка интелигенција и deepfake, на поствистина и идеолошка пропаганда, прашањето не е само што е реално, туку што е човечко. Дали ќе се роди нова хуманост меѓу симулации, хибридни војни и дигитални манипулации? Театарот реагира на овие процеси не само како одраз, туку како жив организам кој бара патеки за преживување на човекот и човечкото во свет, распаднат на фрагменти од информации, страв и забрзување. Тој не ветува спасение, но нуди ориентација – привремена светлина која потсетува дека додека има приказна, тело и средба, човечкото сѐ уште може да се зачува.
Д-р Зорница Каменова – селектор

Македонски

