По успешното враќање на репертоарот на НУ Народен Театар Битола на претставата “Сомнително лице” на наше огромно задоволство после пауза од шест години ви ја најавуваме хит претставата која доживеа 70 изведби, урнебесната комедија “Кокошка” од Николај Кољада во режија на Марјан Георгиевски, велат во објавата на битолскиот таеатар.
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Драматург: Оливера Павловиќ
Светло-мајстор: Игор Мицевски
Тон-мајстор: Николче Терзиевски
Испициент: Оливер Петровски
Играат:
Јулијана Мирчевска
Катерина Аневска
Соња Ошавкова
Александар Димитровски
Николче Пројчевски
Николај Кољада – „сонцето на руската драматургија“, како што самиот еднаш се нарече, и како што го нарекуваат, кој иронично, кој со уважување, театарските дејци ширум светот – веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во најзнаменитите театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија …
„Феноменот Кољада“ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува. Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе – Оливера Павловиќ, драматург
Претставата ќе биде изведена на 4ти и 5ти февруари 2025, со почеток во 20.00 часот.