Skip to main content

Книжевниот превод во фокус на вториот ден на Фестивалот на современа македонска книжевност во Македонскиот КИЦ во Загреб

Вториот ден од Фестивалот на современа македонска книжевност којшто го организира македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со македонската издавачка куќа Македоника литера на публиката и понуди богата програма во рамките на која беше одржана трибина „Хрватско-македонските културни врски низ призмата на книжевниот превод“ и промоции на книги.

На трибината земаа учество, Нове Цветановски, Ивица Баковиќ, Борјана Прошев Оливер, Драго Гламузина, Жарко Милениќ, Дамир Каракаш, Роберт Перишиќ, Ивица Пртењача, Лука Вукушиќ, Ранко Младеноски, Блаже Миневски, Владимир Илиевски, Томислав Ровичанац кои се еминентни македонски и хрватски автори, преведувачи, издавачи и професори од катедрата за јужнословенски јазици и книжевности при Филозофскиот факултет во Загреб.

Фестивалската програма на бројната публика и понуди и две промоции на книги и тоа книгата раскази „Ви раскажував ли?“ од проф. д-р Борјана Прошев-Оливер и изданијата: К. Рацин: „Бели мугри“ – фототипно издание, македонското издание на книгата на акад. Горан Калоѓера: „Поглед отстрана. Рацин (1908 – 1943). Промотори на изданијата беа Владимир Илиевски, Нове Цветаноски и Ранко Младеноски.

За последната вечер на Фестивалот е предвидена средба со познатите и најчитаните хрватски писателки за деца Сања Пилиќ и Силвија Шесто и претставување на нивните книги „За мајките сè најдобро“ и „Ванда“, преведени на македонски јазик и неодамна публикувани од „Македоника литера“.

Поврзани вести