Skip to main content
Промовирана монографијата Епископијата на Брегалница и Моробисдон VII -XIV век

Кирил Трајковски остави длабока трага не само како археолог, туку и како личност

Преполна сала, многу емоции и искрени сеќавања – така изгледаше промоцијата на монографијата Епископијата на Брегалница и Моробисдон VII -XIV век од Кирил Трајковски, а во уредништво на Ана Јорданова -Дубровска. Атмосферата сведочеше за длабоката трага што Трајковски ја остави, не само како археолог, туку и како личност, соопштија од Археолошкиот музеј.

Монографијата ја промовираа проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс и Паско Кузман.

Во негова чест, Археолошкиот музеј најави голема изложба на крајот на годината, составена од археолошки наоди и оригинална документација од локалитетите што ги истражуваше: Мородвис, Кастелото на Пчиња, Големо Градиште Коњух, Виничко Кале, Голем Град Преспа и други.

Славица Трајковска Вејт во име на фондацијата Кирил Трајковски од Лондон, додели благодарници на сите заслужни за публикувањето на за жал неодбранетата докторска дисертација на прерано починатиот Кирил Трајковски.

Благодарност до сите што беа дел од овој топол и достоинствен настан во организација на Националниот археолошки музеј, Фондацијата Кирил Трајковски од Лондон, а под покровителство на министерството за култура и туризам.

Поврзани вести