
Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА објави нова еКнига – драмскиот текст преведен на македонски јазик „ЈАС СУМ СУЛТАНОТ (за овошјето и здравјето – нежна драмска дидактика за деца)“ од алжирскиот театарски автор, актер, раскажувач и режисер Лаоуни Беллил од Маскара, Алжир (превод од арапски на француски јазик – Лаоуни Беллил, превод од француски на англиски и македонски јазик – Иванка Апостолова Баскар).
Текстот, кој се изведува во Алжир во периодот 2010–2026, преку едноставна и духовита драмска приказна ги запознава децата со различни видови овошје и зеленчук и со нивното значење за здравјето, имунитетот, силата и виталноста на телото и умот.
Објавувањето на еКнигата е дел од пошироката меѓукултурна театарска соработка меѓу Македонија и Алжир, развивана преку работата на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА и Лаоуни Беллил. Во рамките на проектот „On-the-job training – Соработка со Лаоуни Беллил“, поддржан од Heartefact Fund, во август и септември 2026 година се реализира хибридна резиденцијална и професионална програма во Скопје, посветена на современиот детски и куклен театар, размена на практики и развој на нови заеднички проекти за 2027 година.
Автор: Лаоуни Беллил
Место на создавање и изведување: Маскара, Алжир
Период на изведување: 2010–2026
Ново еИздание 2026: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА
Повеќе информации на следните линкови – https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1704147188383286&type=3

Македонски



