
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори на 30 октомври во Музеј на Град Скопје од 20вчасот.
Изложбата е реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена.
Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација на индивидуални остварувања, туку како комплексен дијалог за состојбата и можностите на скулптурата како медиум во современото живеење.
На изложбата даден е акцентот на поврзаноста помеѓу класичните скулпторски вредности и современите истражувачки импулси.
Наградата на семејството Митриќевски, доделувана за најдобро скулпторско решение, симболички го потврдува континуитетот на традицијата и нејзината постојана обнова – вредности без кои скулптурата не може да опстане како уметничка практика со интегритет.

Македонски








