
Вечерва со почеток во 19 часот се отвора самостојната изложба „Скаменети потези“ – синергијата помеѓу мозаикот и сликарството – на уметницата Аница Китаноска.
Изложбата ќе биде поставена во Музеј на град Скопје и ја истражува врската помеѓу материјалот и гестот, претворајќи го мозаикот во жив јазик на боја, текстура и чувство.
Предговорот е на Гордана Велков, историчар на уметност со археологија.
Изложбата ќе биде отворена до 22 октомври 2025 година. Влезот е слободен.