Skip to main content

Изложбата „Кузман Јосифоски – Питу – Живот во слики“ во Музеј на Македонија

Во вторник, 07 октомври 2025 година, во 19.00 часот, во изложбените простории на Музејот на РС Македонија – Скопје, ќе биде отворена изложбата „Кузман Јосифоски – Питу – Живот во слики“.

Изложбата е дел од проектот „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“, посветен на животниот пат на револуционерот и народен херој, Кузман Јосифоски.

Истата, се реализира во рамките на годишната програма за работа на Музејот, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Носител на проектот, воедно и автор на изложбата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Изложбата ќе ја отвори историчарот, кустос – советник, во НУ Завод и Музеј – Прилеп, Рубинчо Белчески.

Поврзани вести