
Фонтана „Филип 2„, Камен Мост, парк „Жена борец“, Сквер Јадран, улица Максим Горки, се само некои од локациите на кои деновиве ќе бидат изложени уметнички дела на повеќе уметници, во рамки на изложбата „Скопски урбани приказни“.
Какo што информираат во Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ), во рамки на Скопско културно лето, традиционално се организира оваа изложба.
Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска на чиј концепт одговорија 15 уметници – декан и продекан на факултет, универзитетски професори, исклучителни сликари, скулптори и графичари од средната и помладата генерација. Изложбата со современиот концепт овозможува прикажување на уметнички дела во отворен, нетрадиционален простор, со што поттикнува активен и партиципативен однос на публиката. Соработката на ДЛУМ со врвни куратори, уметници, дизајнер и културни/корпоративни организации покажува сериозен капацитет за организирање на комплексни проекти во иднина“, се наведува во соопштението од ДЛУМ.