Skip to main content

Изложба на фотографии и промоција на фото книга „Треперење“ на Боро Рудиќ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе биде отворена изложбата „Треперење“ на фотографот Боро Рудиќ. Ќе биде промовирана и неговата најнова фото книга „Треперење“.

Според авторот, природата е најчестиот мотив во фотографијата, често окована со одредени правила и табуа кои ја обликуваат нашата визуелна перцепција.

Оваа изложба има за цел да ги предизвика воспоставените визуелни концепти, поттикнувајќи ги гледачите да ја преиспитаат и да го реинтерпретираат она што го сметаат за естетско во природниот свет. Изложбата тежи кон ослободување од стандардните канони на убавина, овозможувајќи нов поглед на природата преку иновативни и неконвенционални техники на фотографирање, соопшти авторот Рудиќ.

Изложбата ќе биде отворена до 15 декември 2024 година.

Поврзани вести