
На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката станица во Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата на фотографии „Црквите и манастирите во Гевгелиско“.
Изложбата се реализира во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“.
Овој проект претставува симбиоза на научно-истражувачка дејност и уметнички концепт за нејзина визуелна презентација. Заедно со приказот на манастирите и црквите, изложбата ги претставува и традиционалните носии на етникумот кој живее во поднебјето каде се наоѓаат светите објекти. Традиционалната носија е прикажана во автентични контексти на нејзиното некогашно носење, симулирајќи мало патување низ времето.
Изложбата, составена од фотографии изработени на форекс, ги претставува дел од црковните храмови од селата Конско, Ума и Серменин, во комбинација со елементи од богатото фолклорно наследство на регионот.