
3 јуни 2025 – ден што со особена чест ќе биде запишан во поновата историја на Македонскиот народен театар, соопштија оттаму.
Наградата што секој актер и ансамбл ја посакуваат – Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра – му припадна на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.
Ова е награда што ја слави и ја велича не само актерската вештина туку и сплотеноста што се раѓа на сцената – заедништвото во процесот на создавање, како и силата на колективната енергија што живее низ целото траење на претставата.
Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Александар Михајловски (со снимен глас), народот: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили, како и целиот тим зад сцената – го заслуживте ова признание!