
По повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Скопје. Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средствата ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани.
Како што информираат од театар „Чекори“, влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.
Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, а актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Тон и светло мајстор е Рој Стефанова.
Пораки за Светскиот ден на театарот ќе читаат Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.бт/мд/