Skip to main content

Ексклузивен материјал за Кирил Македонски – еден од најзначајните македонски музички творци предаден на Завод и музеј – Битола

Во просториите на НУ „Завод и музеј“ – Битола остварена е значајна и несекојдневна средба, со фамилијата на великанот Кирил Македонски, информираа оттаму.

На средбата неговата ќерка д-р Пламенка Македонска, во присуство на членови од нејзиното најблиско семејство од Скопје и Битола, изјави:

Долго размислував кому и каде да го предадам овој материјал. Имам голема доверба во вас Директоре Зоран Николовски, во вашите стручни соработници, во моите најблиски роднини, во оваа институција која има посебно место во чувањето, заштитата и презентирањето на македонското културното наследство.

Од НУ „Завод и музеј“- Битола изразуват огромна благодарност со ветување за достојно презентирање и соодветно чување на овој ексклузивен материјал за Кирил Македонски- еден од најзначајните македонски музички творци, роден во Битола.

Повеќе од 300 книги од семејната библиотека, 20 регистратори со ретки документи, 3 семејни фото албуми, опери, партитури, либрета, писма, оперети за деца, хорски дела, симфонии, филмска и драмска музика, детски песни, ретки списанија, плакати за настани, дипломи, награди, лични предмети, лични документи, се само мал дел од обемниот материјал.

Кирил Македонски почина на денешен ден, 2.06.1984 година.

Поврзани вести