![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/472920813_1028659392640693_8524177669385302057_n.jpg)
Време е да ве повикаме на едукативното предавање и изложба кои ќе се одржат во просториите на Театар Комедија.
На 25 јануари ќе бидат изложени фотографии од автохтони видови на водоземци и влекачи, сликани на територијата на Македонија.
Едукатор ќе биде херпатологот д-р Драган Арсовски, а предавањето ќе биде прилагодено за широката публика, затоа добредојдени се сите кои можеби немаат претходни познавања за темата, па дури и најмладите.
Дојдете, погледнете ги фотографиите кои беа дел од минатогодиниот фото-конкурс на МЕД, и дознајте повеќе за нашите автохтони видови на водоземци и влекачи.
Предавањето е бесплатно, но бидејќи местата се ограничени, пријавете се на: member@mes.org.mk