
Францускиот институт во Скопје организира два настани посветени на светот на иновациите, претприемништвото и креативните индустрии во Франција!
1. Конференција: Иновации во креативните индустрии и циркуларната економија, на
28 октомври 2025 година | 10:30 – 18:00 часот | Арена Борис Трајковски, на која во панел дискусии посветени на креативните индустрии и циркуларната економија, ќе учествуваат и тројца реномирани француски експерти со кратки презентации од 15 минути за нивните иновативни решенија:
г. Абинав Агарвал, основач и извршен директор на Frugal Company, Fluid AI – компанија специјализирана за дигитална трансформација на претпријатијата преку примена на напредна вештачка интелигенција,
г. Жаки Узиел, финансиски експерт и советник, специјалист за финансирање на стартапи и иновации и
г. Антони Фремо, коосновач на Ligamen и креатор на Talent Trees, дигитална платформа која им помага на организациите да ги идентификуваат, визуелно прикажат и развијат талентите и знаењата на своите тимови
Настанот ќе овозможи учесниците да откријат, поврзат и заедно го обликуваат одржливиот раст во Македонија, обединувајќи локални и европски експерти, и претприемачи за да прикажат практични решенија и да ја инспирираат македонската индустрија.
Настанот е организација на Бизнис Акцелераторот УКИМ во име на Европската заедница за иновации и технологија во Македонија, во соработка со Францускиот институт во Скопје, Енерго Технома и МАМЕИ, во рамките на Саемот за иновации.
2. Средба: „Францускиот екосистем на иновации: искуства, стартапи и можности” , на 29 октомври 2025 година од 19:00 часот, во Europe House – Skopje
Следниот ден, со цел подетална дискусија со француските гости, Францускиот институт во Скопје во соработка со Бизнис Акцелератор УКИМ во име на ЕИТ заедницата во Македонија организира средба, насловена „Францускиот екосистем на иновации: искуства, стартапи и можности” со цел директна размена со француските експерти, наменета за студенти, млади претприемачи и сите заинтересирани за иновации и стартапи.
Влезот на двата настани е бесплатен за сите посетители.

Македонски








