Skip to main content

„Душан“ повторно на Таковска 17 во Белград: Претставата е придонес кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија

ДУШАН повторно на Таковска 17 во Белград!, информира Македонскиот КИЦ во Белград/

15. и 16. март

Театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, како проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија.

Претставата доближува нелинеарно дејствие коешто прикажува повеќе сегменти од животот на младиот поет Душан, којшто своеволно се пријавува во војна. Преку деконструкција на односите со луѓето околу него, постепено ја градиме сликата за деструктивноста на војната, и одразот којшто таа го има врз човекот.

Играат:

Александар Стоименовски

Васко Костовски

Нина Елзесер

Ивица Димитријевиќ

Режија: Ана Пинтер

Драматургија и адаптација: Калија Киселички

Превод и продукција: Дино Чупевски

Графички дизајн: Матеја Николиќ

Фотографија: Александра Костадиновска

Видео: Исток Чаповски

Продукциска асистенција: Екатерина Добривојевска

📲 Резервацијата на билети е возможна преку линкот: https://takovska17.com/…/%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B0%D0%BD

🎟 Бројот на билети е строго ограничен.

// Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ и Канцеларијата за регионална младинска соработка (RYCO)

Поврзани вести