Skip to main content

ДПМ распиша конкурс за „Празник на липите“ за поезија и краток расказ

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“.

Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови.

Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на адресата [email protected] или во печатена форма во просториите на Друштвото на писателите на Македонија на улица „Максим Горки“ број 18 во Скопје.

Крајниот рок за доставување на творбите е 31 јули 2026 година, а право на учество имаат сите активни членови на Друштвото.

-Пристигнатите творби ќе ги разгледа жири-комисија составена од тројца членови, кои ќе работат анонимно и независно, а наградените дела ќе бидат избрани врз основа на квалитетот на изразот, стилската изграденост, оригиналноста и уметничката вредност-наведуваат од ДПМ.

Трите најуспешни творби ќе бидат наградени со финансиска награда и плакета, а ќе бидат прочитани на свеченоста на манифестацијата „Празник на липите“, што ќе се одржи на 28 август 2026 година во Скопје.

Манифестацијата „Празник на липите“ е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Поврзани вести