Skip to main content

ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите.

Како што најавија од ДПМ, ќе бидат објавени добитниците на наградите „Стале Попов“ за најдобро прозно дело, „Ацо Шопов“ за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади, „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика и „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија. Сите дела се објавени од членовите на ДПМ.

Поврзани вести