Skip to main content

Денови на македонски балет во Центарот за култура-Битола

Центарот за култура – Битола организира Денови на македонски балет, на кои љубителите на балетот ќе имаат можност да уживаат во две врвни изведби што го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена.

Балетот „Дамата со камелии“ инспириран од романот на Александар Дима, со музика од Џузепе Верди, ќе биде изведен денеска (петок, 6 декември) во 20:00 часот. Во главните улоги играат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Химензер Руиз од Шпанија.

Балетот „Кармина Бурана“, пак, ќе биде изведен в сабота, 7 декември, а публиката ќе го гледа енергичното и моќно музичко дело на Карл Орф, оживеано преку кореографијата на Кан Арслан и настапите на балетските солисти и ансамблот на Националната опера и балет.

Поврзани вести