Skip to main content

Честоева: Инспекцискиот надзор кој сеуште е во тек ме извести дека до паѓање на калканскиот зид најверојатно дошло заради постоење на подземна вода, УЗКН ќе поднесе пријава за оштетување на културно наследство

Управата за заштита на културно наследство  ја информира  јавноста дека во врска со изведување на градежни работи на објектот кои предизвикаа штета на споменикот  Стара Струшка куќа на  ул. Браќа Миладиновци бр. 16 во  Струга, кој е прогласен за значајно културно наследство од страна на Управата, согласно своите законски надлежности постапено е веднаш и ја испрати на терен инспекциската служба да изврши увид, по претходно доставен извештај од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, стои во писменото соопштение на УЗКН.

Управата за заштита на културното наследство издала Решение за заштитно-конзерваторски услови за рушење на постојниот и изградба на нов објект на ул. Браќа Миладиновци бр. 14 во Струга, КП 1336 КО Струга.

Во управната постапка било прибавено Мислење од Комисијата за управување со светското и природно културно наследство на Охридскиот регион.

Управата врз основа на Мислењето од Комисијата , во Решението за заштитно-конзерваторски услови, покрај другите услови за преземање на мерки на непосредна заштита,  укажала дека објектот во сопственост на Зуди Каба се наоѓа непосредно до и дели калкански ѕид со поединечно заштитеното добро  Стара струшка куќа – Владо Малевски  и затоа потребно е да се дефинира начинот на рушење на постоечкиот објект и мерките за заштита од оштетување или загрозување на постојниот, поединечно заштитен објект.

Мерките за заштита за соседниот објект, кој е поединечно заштитено добро, се определуваат во основниот проект и треба да бидат соодветно применети од изведувачот на објектот.

Од страна  на инспекцискиот надзор кој сеуште е во тек, сум известена дека до паѓање на калканскиот зид најверојатно дошло заради постоење на подземна вода.

Управата за заштита на културно наследство согласно постоечката законска регулатива ќе поднесе соодветна пријава за оштетување на културно наследство до соодветните органи, вели директорката Весела Честоева.

   

Поврзани вести