Skip to main content

„Борбите и метаморфозите на една жена“ од Едуар Луј во „Илика“

Во издание на издавачката куќа „Илика“ од печат излезе нова книга во едицијата Современа проза. Се работи за романот „Борбите и метаморфозите на една жена“, од францускиот современ писател Едуар Луј. Луј е еден од најважните квир автори на современата книжевна сцена, кој преку третманот на класните и општествените прашања на модерното време, преиспитува клучни теми поврзани со идентитетот и насилството, користејќи ги наративните техники на автофикцијата. Луј е и претходно застапен со негова книга во оваа едиција на издавачката куќа „Илика“, која ја потврдува неговата авторска ангажираност преку сопствените искуства и живот.

Станува збор за книга која е беспоштедно искрена, за ослободувањето од улогите што ни ги наметнува општеството во кое живееме. Исто така, тоа е книга за мајките и синовите, за семејствата што се распарчуваат со години и потоа одеднаш се распаѓаат преку ноќ, за политиката и моќта, за потребата да побегнеме од сè, па дури и од себеси.

Според New York Times „Едуар Луј е безмилосно отворен и кон читателите и кон себеси. И токму затоа неговото лично искуство на секоја страница се претвора во универзален вресок поради нашите заеднички страдања.”

Од денес, книгата е достапна во кафе-книжарницата „Илика“, а наскоро и во другите книжарници низ Скопје.

Поврзани вести