Skip to main content

Арсовски во пресрет на 53. МОВ: Да уживаме заедно во музиката, танцот и вистинските емоции кои Мајските оперски вечери ги носат повеќе од половина век

Во духот на традицијата и со поглед кон иднината, Националната опера и балет го најавува 53. издание на еден од најзначајните културни настани во земјата – Мајските оперски вечери. Во официјалното обраќање до јавноста, директорот Оливер Арсовски  ја претстави годинешната програма. Подолу ви го пренесуваме неговото обраќање.

Почитувани љубители на уметноста,

Чест и задоволство ми е, во име на Националната опера и балет, да ве поканам на 53. Мајски оперски вечери, кои ќе се одржат од 9 до 31 мај 2025 година.

Стремејќи секогаш кон тоа, на вас, нашата верна публика, да ви понудиме интересни и ексклузивни настани, и оваа година подготвивме програма која верувам дека ќе ги задоволи и највисоките уметнички критериуми.
Мајските оперски вечери 2025 година ветуваат богато уметничко доживување, обединувајќи ја традицијата и иновацијата, домашното и меѓународното творештво.

Фестивалот ќе го отвориме на 9 мај во 20:00 часот со премиерното изведување на „Риголето“ од Џузепе Верди, едно од најдраматичните оперски дела кое преку силна музичка и сценска интерпретација ги комбинира темите како љубов, моќ и одмазда.

На 15 мај во 20:00 часот, повторно ќе уживаме во безвременската убавина на балетот „Лебедово Езеро“ од Петар Илич Чајковски, дело кое преку грациозноста на движењата и мајсторската музика ја раскажува приказната за љубовта и судбината.

19 мај во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ја проследи монументалната опера на Верди, „Набуко“, позната по хорот „Va, pensiero“ – химна на слободата и силата на духот.

Емотивната и трогателна приказна на Пучиниевата „Мадам Батерфлај“ ќе биде изведена на 23 мај во 20:00 часот, прикажувајќи ја судбината на младата гејша преку незаборавни мелодии и длабоки емоции.

Раскошната опера „Турандот“ на Џакомо Пучини, со славната арија „Nessun dorma“, е закажана за 27 мај во 20:00 часот, носејќи приказна за љубовта, гордоста и искупувањето.

Нашиот уметнички фестивал свечено ќе го затвориме на 31 мај во 20:00 часот со изведбата на величествената опера на Верди „Аида“, еп за љубовта, жртвата и вечните вредности.

Ве поканувам да бидете дел од оваа величествена прослава на уметноста, да уживаме заедно во музиката, танцот и вистинските емоции кои Мајските оперски вечери ги носат повеќе од половина век.

Со нетрпение очекувам да се сретнеме.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetjojobetroketbetcasibomzbahiscasibom