Skip to main content

Археолошки музеј за жените археолози, конзерватори, документатори и водичи: Ви благодариме за вашата неуморна работа, истражувачки дух и инспирација!

Во чест на жените археолози, конзерватори, документатори и водичи во нашиот музеј!

По повод Меѓународниот ден на жените, со гордост им оддаваме признание на нашите извонредни археолози, конзерватори, документатори, водичи – жени кои секојдневно ја откриваат, истражуваат и зачувуваат историјата. Нивната посветеност, знаење и љубов кон археологијата се движечка сила на нашиот музеј.

Археологијата не е само работа во музеј – таа значи и предизвикувачка теренска работа, долги часови на ископувања под отворено небо, физички напор и трпеливо истражување. Но токму благодарение на нивната истрајност и љубов кон науката, минатото добива нов живот.

Ви благодариме за вашата неуморна работа, истражувачки дух и инспирација!

Поврзани вести