
Со одлука на Министерството за култура, Осман Али е назначен за нов в.д. директор на Турскиот театар во Скопје. Тој седна во директорската фотелја од крајот на септември, на местото на Ајлин Емин Скоро , која раководеше со Турскиот театар од 2022 година.
Али доаѓа на оваа позиција како актер во Турскиот театар.