Skip to main content

Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево, паднал од висина од три метри

Триесетгодишен работник од Делчево вчера загина при несреќа во фабрика во градот.

Како што информира СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу 3 метри и се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон Клиничката болница во Штип, во возилото на Итната медицинска помош, тој им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Поврзани вести