Skip to main content

Возач тешко повреден, излетал од автопатот Скопје-Велес

На 01.06.2025 во 06.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, на место викано „Ветерско“, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(39) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести