Skip to main content

Возач тешко пореден во сообраќајна несреќа во Скопје

На 22.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во 13:30 часот на ул.„Методија Андонов – Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, по што возачот со возилото „бмв“ го напуштил местото, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Р. , констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести