Skip to main content

Возач и двајца малолетници тешко повредени откако удриле во метален столб на патот Охрид-Подмолје

Вчера во 16:20 часот, на патот Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Тој, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

Поврзани вести