МВР информира дека утрово околу 05 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат 43 годишниот А.А. од Велес.
Информацијата е дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.