
За Палчо првпат слушнав во полициска станица кога ме прашуваа во полиција, на другите и денеска не им ги знам имињата, рече Александар Ѓорчевски во исказот на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Дали сте нарко зависник?, го праша неговиот адвокат Туфегџиќ.
Бев нарко зависник краток период од 93-95 година. Мојата генерација ја зафати епидемија од нарко зависност. Не се гордеам со тоа, но побарав помош од семејството иако тоа се гледаше. Се детоксифицирав на клиника во Турција, имав разбирање од работодавците. Имав девојка и живот на кој му се вратив. Оттогаш не сум имал контакт со нарко супстанци. Прво вработување на неодредено ми беше во Фершпед па во Кометал. Кога се родија дечињата, Вања бараше 24 часовен ангажман. Се обидовме да најдеме жена за чување, но не беше успешно. Бидејќи Зорица имаше поголема плата одличивме јас да дадам отказ и да ги чувам децата, одговори Ѓорчевски.
Имавте ли долгови?, го праша неговиот бранител.
Не, можеби само кога бев нарко зависник. И да сум имал веднаш сум ги враќал. Скромен човек сум, не сум познат како трошаџија.
Односот со децата
Односот беше љубов на прв поглед, посебно со Вања. Ги чувам, хранев си играв со нив. Стално знаев каде се. Кога потпораснаа, ги следевме со Зорица на „гугл мапс“ апликацијата. Иако и тие ако сакаа да сменат локација нè известуваа. Беа ангели.
За деновите пред да биде грабната
Во саботата беа кај мене на ручек. Сакаа да излезат со друштво. Ги разнесував со кола. Вања ја однесов во Дајминод, а Миња кај Католичка црква, а оттаму во Сити мол. Миња ми кажа на шега: „Ти и мама сте ни како Убер драјвери“. И се јавив на Вања и ми рекоа и нив да ги однесам во Сити мол. Имаа време за излегување до 22 часот. На апликацијата видов дека Вања тргнала пешки, но и снемало батерија и тргале пешки кон дома со другарката. Зорица ме замоли и попат да и купам цигари кога ќе ја земам Миња. Се договиривме да се најдеме кај Силбо и да ја испратам до дома. Во неделата децата беа кај Зорица а јас кај мајка ми, сигурно се слушавме на платформата Дискорд во која беше и мојот внук. Миња попладнето излезе, ги испратила другарките и ми рече да ја земам. И предложив да уклучи камера и да се движи додека разговараме и додека не дојдам по неа.
За 27.11 2023
Се случи лудило. Ми се јави Зорица растревожена. Сашко ја нема Вања, ми рече. Веднаш почнав да се облекувам и се најдовме долу. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата и видов дека гугл ја евидентирал кај Хаус гарден на Партизанска и знаев дека нешто не е во ред. Беше офлајн. Зорица ме праша дали да пријавиуваме во полиција. И реков апсолутно. На колешката и рече да објави слика од Зорица и да објави на социјалните мрежи. Со возилото влеговме во уличките кај Партизанска, каде што телефонот последен пат емитувал сигнал. Забележав една напуштена куќа и влегов да ја пребарам. Ни се јавија од полиција за да дадеме изјава кај мене пред зграда. Ги прашав дали пратиле екипи на местото каде Вања беше евидентирана и тогаш Зорица ми рече дека часот по физичко им се поклопува и оти Миња ќе примети оти Вања ја нема и реши да оди на училиште и да и соопшти. Ми се вртеа безброј сценарија, дека некој ја удрил со кола и ја однел во болница.