Вчера во 13.50 часот во СВР Тетово се пријавил Ш.М.(55) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 31-годишна снаа од Косово, со регулиран престој во селото, дека во неколку наврати извршил кривично дело „полово вознемирување“ врз неа, казниво по член 190-а став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти СВР Тетово, Ш.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно
документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.