
Во нова несреќа утрово во Чаир загина 75-годишен возач.
Во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на бул. „Цветан Димов“ во Скопје во која учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И., кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт кај М.Д..
Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје, по што ќе се знаат повеќе детали.