Skip to main content

Уште едно српско возило излета на пат кон Грција

Вчера во 9:30 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П., на возраст од 56 години од Република Србија, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П., на 61-годишна возраст, а со телесни повреди се здобила Т.П. и 17-годишен сопатник, сите од Република Србија, констатирани во Општата болница – Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР – Неготино, соопштија од СВР – Велес.

Поврзани вести