Skip to main content

Украдено возило од Општина Аеродром

Патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Општина Аеродром, било одземено од гаража на булевар „Јане Сандански“.

Случајот синоќа во полиција го пријавил в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.

Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, според пријавата, возилото било одземено во период од 15:30 часот на 4 април 2025 до 20:40 часот на 7 април 2025 година од гаража на Општина Аеродром, на булевар „Јане Сандански“.

Возилото е пронајдено на улица „Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести