Skip to main content

Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште

Ученик активирал солзавец за време на настава во средното уметничко училиште. Инцидентот го пријавил загрижен родител, кој вели дека една недела по овој сериозен инцидент нема никаков одговор од институциите, и покрај тоа што сериозно биле загрозени здравјето и безбедноста на учениците.

За време на часот по сликарство, ученик од четврта година, од смерот сликарски дизајн, активирал солзавец во ателјето каде што се одржувала наставата. Во паника и страв, учениците, во обид да побараат помош од училишниот менаџмент на „Лазар Личеноски“, наишле на затворени врати. Единствена помош им пружила класната раководителка.

Професорот не бил присутен на часот, односно тој ден бил отсутен од работа. Учениците побарале помош од класната раководителка Е. В., која се загрижила за настанатата ситуација, соодветно реагирала и презела мерки за заштита на сите ученици.

Извор Сител.мк

Поврзани вести