Skip to main content

Убиениот на Бит Пазар бил син на поранешен командант на ОНА

ТВ21

Триесетгодишниот Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој вчера им подлегна на тешките повреди здобиени од прострелни рани во вчерашните пукотници во близина на Полициската станица – Бит Пазар, е син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, пренесува „Фактор“.

Засега непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото.

Полицијата истражува дали вчерашното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случи пред две недели.

На 25.04.2025 околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“’”, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани вести